Ул. 11 Октомври бр.17, 1000 Скопје, Р. Македонија

Телефон / Факс: ++389 2 322 58 99

Ел. пошта: zdruzenienefron@yahoo.com

Поддржувачи

“Проектот е финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија’’.
“Содржината е единствена одговорност на авторите и на грантистот, и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на Фондацијата Отворено општество – Македонија’’

Проект: Кампања за подигнување на јавната свест за органодарителство
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ЕВРОПСКИ ДЕН НА ОРГАНОДАРИТЕЛСТВО ВО Р.МАКЕДОНИЈА

ИЗВЕШТАЈ ЗА РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИ ОД ПРОЕКТ: „КАМПАЊА ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА ПРОМОЦИЈА НА ОРГАНОДАРИТЕЛСТВОТО“

Под мотото “Биди донор - Биди херој’’ Европскиот ден на органодарителство  се одбележа  во Р.Македонија на 16 Октомври 2018 година од страна на Здружението Нефрон со подршка и во соработка со надлежните институции: Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, МАНУ и Академик Момир Поленаковиќ, МЗНДТВО , стручни лица од Клиниките за нефрологија, Урологија и КАРИЛ, Центарот за трансплантација на бубрези, Националниот и Болничките координатори за трансплантација, пациенти на дијализа, пациенти со трансплантиран бубрег  и дарители на органи, семејства на дарители кадавери и.т.н.
По тој повод се одржа централна манифестација во Скопје во Големата сала на СПМ, во присуство на голем број гости, членови и поддржувачи на Здружението.
Кампањата за органодарителство во Р.Македонија продолжува да се реалзира и во другите градови Тетово, Струга, Прилеп, Струмица, Куманово, Штип  но и во други места по потреба преку организирање на тематски работилници со учество на пациенти, медицински лица, нефролози, хирурзи, психолози, претставници на верските заедници и на трансплантирани лица и дарители на орган .
Целта на овие настани е да се подигне свеста кај населението за потребата и важноста од дарување органи со цел да се спаси нечиј живот, да се споделат искуствата но и препознаат предизвиците и заеднички да се работи на нивно надминување за заеднички да допринесеме да се зголеми бројот на дарители на органи како услов за развој на трансплантацијата.
За потребите на Кампањата се издадени едукативни матерјали брошури и флаери и други репрезентативни матерјали за едукација на населението.
Кампањата за органодарителство во Р.Македонија ја спроведува Здружението Нефрон во партнерство со Македонското здружение за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи МЗНДТВО и Здружението на медицински сестри, техничари и акушери – За нас ЗМСТА.
Настанот беше соодветно медиумски промовиран, а објавите од настанот на 16.10.2018 може да ги проследите на следниот линк :
https://time.mk/c/b43d814c88/tri-godini-vo-zastoj-transplantacijata-na-organi-od-pocinat-donor.html?fbclid=IwAR0MOO8PZwfhlhrDpfJl9XTFttX-fmMc8ki5sXnWZYgHpRCCmE3zd9brj0Q

“Проектот “Кампања за органодарителство во Р.Македонија’’е финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија , Град Скопје и други донатори, а се реазлириа во соработка со  Министерството за здравство на Р.Македонија, МЗНДТВО, За НАС-ЗМСТА и други.