почетна
 
до горе почетна
Здружението Нефрон е регистрирано во Основниот суд Скопје 1 на 9 јуни 2003 година како Здружение на бубрежно болни граѓани со седиште во
Скопје.

Нефрон ги покрива сите 19 центри за хемодијализа во Република Македонија вклучувајќи ја и Специјалната болница за нефрологија и хемодијализа
Диамед - Скопје, а во Нефрон членуваат над 1200 бубрежно болни лица и 30 граѓански лица.
Највисок орган на Здружението е Собранието. Него го претставува претседателот и претседателство составено од 5 члена. Покрај тоа постои и
Извршен одбор со претседател и 6 члена, одбор за внатрешна контрола и ограноци.

Основни цели на Нефрон се: едукацијата на членството, подобрувањето на квалитетот на хемодијализата, згрижувањето на сите пациенти според
местото на живеење, подобрувањето на условите за хемодијализа, набавка на квалитетни апарати за дијализа, употреба на што поквалитети
дијализери, употреба на што поквалитетни лекарства, обезбедување на ужинка во сите центри за хемодијализа, воведување на кадаверична
трансплатација на бубрези и зголемување на бројот на пациенти на перитонеалната хемодијализа.

Нефрон е отворен за зачленување на секој пациент на хемодијализа. За зачленување во Нефрон потребно е да се поднесе пристапница до
просториите на Здружението или до претставниците на огранокот на Нефрон во вашиот центар за хемодијализа. Со пристапницата до
Нефрон потребно е да се достават и фотокопија од лична карта и слика. Годишната членарина во Нефрон изнесува 360 денари.

Предности кои можат да ги добијат сите членови на Нефрон:

o Со самата членска книшка може бесплатно да се користи паркингот во Државниот клинички центар;
o
o Ослободување од плаќање на патарина во Република Македонија. Потребни документи: членска книшка, потврда од центарот за
хемодијализа, фотокопија од лична карта и сообраќајна дозвола (во случај возилото да е во друга сопственост фотокопија и од личната карта на
сопственикот). Потребните документи се носат во Здружението Нефрон или до претставниците на огранокот на Нефрон во вашиот центар за
хемодијализа;
o
o Обезбедување на картичка за бесплатно паркирање од Градски паркинг. Потребни документи: членска книшка, потврда од центарот за
хемодијализа, фотокопија од лична карта и сообраќајна дозвола (во случај возилото да е во друга сопственост фотокопија и од личната карта на
сопственикот). Потребните документи се носат лично во Паркови и зеленило;
o
o Годишна автобуска слободна карта (важи за невработени и пензионери). Потребни документи: членска книшка со платена членарина за
тековната година, потврда од центарот за хемодијализа, чек од пензија или потврда од Агенцијата за вработување (за невработени лица),
приближно 100 денари (во зависност од одлуката на Град Скопје) и слика. Потребните документи (секоја година во периодот од 10 декември до 10
јануари) се носат во Здружението Нефрон или до претставниците на огранокот на Нефрон во вашиот центар за хемодијализа;
o
Делумно ослободување од претплатата за фиксна телефонска сметка од Македонски Телеком (T-home), со издавање на потврда од
Здружението Нефрон. Потврдата од Нефрон се доставува лично до Македонски Телеком.
НЕФРОН

Ул. 11 Октомври бр.17, 1000 Скопје, Р. Македонија

Телефон / Факс: ++389 2 322 58 99

Ел. пошта: zdruzenienefron@yahoo.com
©2017 Нефрон
оригинален дизајн ©2017 pauladams.mk